окупира
окупираат; окупирајќи; окупирал; окупиран
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 6869
1.
Заземе, зазема, освои, освојува туѓа територија.
Примери:
Непријателски трупи го окупираа градот.
Слично со:
заземе (св.)
2.
Задржи, задржува нечие внимание, мисли и сл.
Примери:
Со своето сликовито раскажување го окупира вниманието на сите присутни.
3.
Вработи, вработува, ангажира некого со определена активност, работа.
Англиски:
engage
Албански:
angazhoj, punësoj
Слично со:
ангажира (св. и несв.)
4.
Зафати, зафаќа, заземе определено место, простор.
Примери:
Учениците го окупираа плоштадот.
Слично со:
зафати (св.)
Изведенки
окупирање ср.
глаг. им.
глаг. им.